Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на границата со Киргистан и кинеската провинција Синџијанг, соопшти германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).
Земјотресот се случил на 126 километри североисточно од киргистанскиот град Кизил-Су.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.