Долгоочекуваниот спектакуларен огномет на сиднејскиот Харбор Бриџ (Пристаништен мост) и операта го осветли небото на градот, со овации од голем број луѓе кои беа присутни на прославата.
Граѓаните во Сиднеј почнаа да се собираат од утринските часови со надеж дека ќе најдат добро место за гледање на светлосниот спектакл, а на околните локации за набљудување немаше места уште околу 19 часот по локално време.
Новата 2024 година ја дочекаа и Нов Зеланд, а беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата, во најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд. Новата година прва пристигна во островската држава Кирибати во Тихиот Океан.