Свет Инспекција

Шведската царина изврши контрола на руски брод под санкции на ЕУ

епосредно по еден часот по полноќ се качивме на бродот за да извршиме царинска контрола. Инспекцијата сè уште е во тек, рече Хоглунд, додавајќи дека засега не може да изнесе други детали.

Шведската царина изврши контрола на руски брод под санкции на ЕУ

Шведската царинска служба денеска соопшти дека надлежните органи се качиле на руски товарен брод кој во петокот бил закотвен во шведските води по проблеми со моторот и оти во тек се инспекција и контрола на товарот.

Портпаролот на царинската служба Мартин Хоглунд изјави дека бродот „Адлер“, чии сопственици се наоѓаат на листата на санкции на Европската унија, е прегледан со поддршка на шведската Крајбрежна стража и полицијата.

– Непосредно по еден часот по полноќ се качивме на бродот за да извршиме царинска контрола. Инспекцијата сè уште е во тек, рече Хоглунд, додавајќи дека засега не може да изнесе други детали.

Според податоците на сервисот за следење на пловидбата „Marine Traffic“, „Адлер“ е контејнерски брод, долг 126 метри, кој е закотвен кај градот Хаганес, на југозападот на Шведска. Бродот и неговата сопственичка компанија „M Leasing LLC“ се наоѓаат и под санкции на САД поради сомнеж за вмешаност во транспорт на оружје, наведува базата на податоци „OpenSanctions“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Хоглунд рече дека бродот испловил од руското пристаниште Санкт Петербург на 15 декември и оти шведската царина нема информации за неговата крајна дестинација.

To top