Свет

Шведска ќе обезбеди речиси 127 милиони евра помош за Украина

„Поддршката за Украина е прашање на солидарност, но и на безбедноста на Шведска“, додаде Доуса.

Шведска ќе обезбеди речиси 127 милиони евра помош за Украина

Шведска ќе обезбеди повеќе од 1,4 милијарди шведски круни (126,7 милиони евра) на Украина како помош за обнова и развој, како и за итни хуманитарни потреби, изјави денеска шведскиот министер за меѓународен развој Бенџамин Доуса.

Тој на прес-конференција рече дека пакетот помош, кој е најголемата шведска програма за цивилна помош досега издвоена, вклучува и поддршка за реконструкција на уништената инфраструктура, како и за деминирање и обука на здравствените работници.

„Поддршката за Украина е прашање на солидарност, но и на безбедноста на Шведска“, додаде Доуса.

To top