Свет напаѓачот во бегство

Швајцарија: Вооружен напад во Сион, убиени две лица

Две лица загинаа, а едно е рането кога маж денеска пукал во група луѓе во градот Сион во Швајцарија, соопшти локалната полиција, додавајќи дека се уште трага по напаѓачот.

Швајцарија:  Вооружен напад во Сион, убиени две лица

Кантоналната полиција на југозападот на Швајцарија соопшти дека според првите сознанија, сторителот ги познавал своите жртви.

Според полицијата, нешто пред 8 часот, лице кое се уште не е идентификувано пукало во неколку лица во Сион. Како што се додава, засега не се познати неговите мотиви.

Полицијата соопшти дека ангажирала голем број лица за приведување на сторителот на нападот, а кантоналното обвинителство отвори истрага.

To top