Швајцарија регистрира рекордно високи температури за Бадник во јужниот дел на земјата, пренесе ДПА повикувајќи се на SRF Meteo.
Некои од метеоролошките станици во регионот работат повеќе од еден век, вклучително и во Лугано на италијанската граница, каде што се измерени 17,1 степени Целзиусови. Во саботата таму беше прогласен рекорд за декември од 21,3 степени.
Високи температури се регистрирани и во кантонот Граубинден/Грисон, каде живата достигна 15,6 во Пошјаво и на Офенпас/Фурн Пас на надморска височина од повеќе од 2.100 метри, каде што се измерени 8,9 степени.
Според SRF Meteo, затоплувањето за Божиќ не е невообичаено. Кога на крајот на ноември почнуваат поларните ноќи во Скандинавија, студениот воздух се движи кон Централна Европа.
Додека дел од воздухот се движи над релативно топлиот Атлантик, се формираат системи со низок притисок што често доведува до поблаги температури над Швајцарија за Божиќ.