Свет Рифат ал Асад

Швајцарија ќе му суди на чичкото на претседателот на Сирија

Асад, кој се уште не дал коментар, претходно ја негираше одговорноста за смртните случаи во Хама.

Швајцарија ќе му суди на чичкото на претседателот на Сирија

Канцеларијата на државниот обвинител на Швајцарија соопшти дека ќе му се суди на Рифат ал Асад, чичкото на сирискиот претседател Башар ал Асад, за воени злосторства и злосторства против човештвото од времето кога бил воен командант во 1982 година.

Канцеларијата во соопштението наведува дека Асад бил обвинет пред швајцарскиот Федерален кривичен суд за нарачување убиства, тортура, сурово постапување и незаконско притворање во февруари 1982 година, кога командувал со силите во сирискиот град Хама.

На противниците познат како „Касапот од Хама“ за задушувањето на бунтот во Хама во западна Сирија, Асад, поранешниот потпретседател на земјата, командуваше со силите обвинети за убиство на илјадници луѓе за да го задушат бунтот на исламистите.

Асад, кој се уште не дал коментар, претходно ја негираше одговорноста за смртните случаи во Хама.

Според обвинението на швајцарското обвинителство, меѓу 3.000 и 60.000 луѓе, главно цивили, ги загубиле животите во Хама во конфликтот меѓу сириските вооружени сили и нивните исламистички противници.

Рифат ал Асад (86) живееше во егзил од средината на 1980-тите, главно во Франција, откако беше обвинет дека се обидел да го собори тогашниот претседател Хафез ал Асад, неговиот брат, таткото на Башар.

Тој се врати во Сирија во 2021 година, откако побегна од Франција, каде беше прогласен за виновен за стекнување милиони евра пренасочени од сириските државни фондови.

Канцеларијата на јавниот обвинител покрена постапка за воени злосторства против Асад во декември 2013 година, според принципот на универзална јурисдикција и неприменливоста на законската застареност на воените злосторства.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top