Свет злосторство против палестинскиот народ

Штајех: Палестинското страдање трае веќе 75 години, не започна на 7 октомври

Палестинските страдања траат 75 години и не започнаа на 7 октомври, изјави денеска премиерот на палестинската управа Мухамед Штајех на хуманитарната конференција за Газа во Париз.

Штајех: Палестинското страдање трае веќе 75 години, не започна на 7 октомври

„Ние сме жртвата овде. Одбраната не значи окупација на туѓа земја. Она што го прави Израел не е војна против Хамас, туку војна против целиот палестински народ“, рече Штајех.

Тој го обвини Израел за „очигледно кршење на меѓународното право“ и додаде дека се вршат злосторства против палестинскиот народ.

Штајех додаде дека т.н. „блокада“ или целосната израелска опсада на Појасот Газа, создаде проблеми, вклучувајќи недостиг на храна и обиди за депортирање на жителите на Газа кои работат во Израел.

На конференцијата зборуваше и високиот комесар за човекови права на ОН, Фолкер Тирк, кој го критикуваше Израел за, како што рече, „незаконската присилна евакуација на цивили“.

Франција денеска е домаќин на голема меѓународна хуманитарна конференција за Газа, која претседателот Емануел Макрон ја повика да одговори на растечките потреби на опколената палестинска енклава, кои вклучуваат храна, вода, струја и гориво, како и медицински материјали.

На конференцијата учествуваат делегации од над 50 земји, меѓу кои неколку европски земји, САД и регионалните сили како Јордан, Египет и земјите од Персискиот залив, како и Обединетите нации и невладини организации.

To top