Свет Booking.com

Шпанија го казни Букинг со 413 милиони евра поради злоупотреба на својата пазарна позиција

Хотелите не смеат на своите интернет страници да нудат пониски цени од оние на Букинг, утврди CNMC, а Booking.com може еднострано и без консултации да одредува попусти на нивните соби. Платформата исто така ги принудува хотелите евентуалните тужби да ги поднесуваат во судовите во Холандија, додадоа регулаторите.

Шпанија го казни Букинг со 413 милиони евра поради злоупотреба на својата пазарна позиција

Шпанскиот регулатор изрече парична казна од 413,2 милиони евра на дигиталната компанија за резервација на сместување Booking.com поради диктирање на условите за цените на хотелското сместување и потиснување на конкуренцијата. Од 2019 година, Booking.com го користел својот пазарен удел, во распон од 70 до 90 проценти, за да им наметнува неправедни услови за цените на хотелите, соопшти шпанскиот регулатор CNMC.

Хотелите не смеат на своите интернет страници да нудат пониски цени од оние на Букинг, утврди CNMC, а Booking.com може еднострано и без консултации да одредува попусти на нивните соби. Платформата исто така ги принудува хотелите евентуалните тужби да ги поднесуваат во судовите во Холандија, додадоа регулаторите.

Дигиталната компанија истовремено ја потиснувала конкуренцијата во секторот за резервација на сместување на интернет, утврди CNMC, според соопштението објавено во вторникот, и изрече на Booking.com две парични казни од по 206,6 милиони евра. Booking Holdings, главната компанија на Booking.com, најави жалба, нагласувајќи дека не се согласува со „исходот на истрагата на CNMC“, според зборовите на портпаролот. Компанијата смета дека спорот треба да се решава врз основа на Законот за дигитални пазари на ЕУ.

Групата може да се жали на шпанскиот виш суд, напомена регулаторот. CNMC отвори истрага врз основа на жалбите на Шпанското здружение на хотелски менаџери (AEDH) и Мадридското здружение на хотелиери од 2021 година.

Booking Holdings, во одделна реакција, денеска соопшти дека очекува намалена побарувачка за сместување во третото тримесечје.

Временскиот интервал меѓу резервацијата на сместување и доаѓањето на гостите се намали веќе во второто тримесечје, а во периодот од јули до септември ќе биде уште пократок, изјавија од компанијата во разговор со аналитичари по објавата на деловните резултати.

Долгиот временски интервал сигнализира добра пополнетост. Компанијата предвидува дека бројот на ноќевања во третото тримесечје ќе биде за три до пет проценти поголем од лани. Во второто тримесечје тој број пораснал за 7,1 процент, а минатото лето за 14,9 проценти.

Известија дека вкупниот приход во периодот од април до јуни се зголемил за 7,3 проценти, на 5,86 милијарди долари. Нето добивката се зголемила за 17,8 проценти и изнесувала 1,52 милијарди долари.

Најнови вести од Свет

To top