Свет Сериозно обвинување

Шолц: Путин однапред ја планираше војната против Украина

-Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа, како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна, посочи Шолц.

Шолц: Путин однапред ја планираше војната против Украина

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година.

-Денес сум цврсто убеден дека Путин го планираше својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа, истакна Шолц.

Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања, како што е одбивање на членството на Украина во НАТО или распоредување на ракети со долг дострел на украинска територија без вооружен судир.

-Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа, како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна, посочи Шолц. (МИА)

To top