Свет

Шолц му честиташе на Трамп за преземањето на функцијата

Шолц му честиташе на Трамп за преземањето на функцијата

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе денеска на Доналд Трамп за неговото официјално преземање на должноста претседател на САД, наведувајќи дека Вашингтон е најблискиот сојузник на Берлин.

Шолц изјави дека Германија и САД можат да работат заедно за промовирање на слободата, мирот и безбедноста, како и економскиот развој и напредок, објавено е на веб-страницата на канцеларијата на Шолц.

На инаугурацијата на Трамп, Германија ја претставуваше нејзиниот амбасадор во САД, Андреас Михаелис.

To top