„Гласот за СДСМ, Ковачевски и за Пендаровски е глас за европската иднина на С Македонија“.
Ова, на 17 април минатата година го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, обраќајќи им се на македонските гласачи во пресрет на тогашните парламентарни избори.
Ова е вистинскиот пат и имам целосна доверба дека тие успешно ќе ја водат Македонија до целта и во Европската Унија“, порача Шолц во видео-обраќање.
Но, нецела година подоцна, на 15 февруари годинава, Шолц ја промени реториката со тоа што остро го искритикува американскиот потпретседател Џеј Ди Венс поради „мешањето“ на САД во германските избори и поддршката за АДФ од него и Маск.
Коментарот, е непотребен…