Свет русија продолжува со операцијата

Шојгу тврди дека Русија воено напредува на сите фронтови во Украина

Русија денеска соопшти дека нејзините трупи напредуваат во сите сектори на украинскиот фронт, и покрај тоа што набљудувачите забележаа мало движење во повеќе од година и половина откако Москва започна целосен напад врз Украина.

Шојгу тврди дека Русија воено напредува на сите фронтови во Украина

„Нашите војници дејствуваат компетентно и одлучно, заземаат поповолна позиција и ги прошируваат своите зони на контрола во сите правци“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додека неговите војници ги интензивираат нападите на источниот фронт.

Тој, исто така најави дека Русија следната година ќе одржи поморски вежби наречени Океан-2024.

To top