Шест лица загинаа во вооружен конфликт меѓу ривалски нарко картели во државата Закатекас во северниот дел на Мексико, соопштија денеска локалните власти.
Државниот совет за безбедност на Закатекас соопшти дека телата се пронајдени во рурална област на државата и дека загинатите припаѓаат на една од бандите, која не ја именуваа.
Полицијата пронашла двајца ранети, како и еден осомничен и поголемо количество оружје.
Како што се наведува во соопштението, ранетите се пренесени во болниците на натамошно лекување.
Тие, исто така, пронајдоа некој вид камп што го користеа картелите за обука и задржување на жртвите на киднапирањето.
Советот соопшти дека кампот е уништен за да се спречи неговата повторна употреба.
Закатекас долго време е сцена на крвави конфликти меѓу ривалските картели Халиско и Синалоа, кои често функционираат преку локални банди. (МИА)