Свет

Шеснаесет мртви и десетици исчезнати откако брод потона во Нигерија

-Најмалку 16 тела се пронајдени, изјави портпаролот на Агенцијата за итна помош Ибрахим Ауду Хусеини, додавајќи дека загинатите се две жени и 14 мажи.

Шеснаесет мртви и десетици исчезнати откако брод потона во Нигерија

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати откако брод со речиси 300 патници потона во северна Нигерија, соопштија вчера локалните власти.

Патниците, од кои повеќето жени и деца, патувале во оддалеченото село за прославата на роденденот на пророкот Мухамед, познат како Мавлид Набави, кога се случила несреќата, изјави Абдулахи Баба Арах, шеф на државната агенција за помош во Нигер.

Баба Арах не кажа што ја предизвикало несреќата, но рече дека „храбрите локални нуркачи“ помогнале да се спасат околу 150 преживеани.

Тој рече дека бродот превезувал речиси 300 луѓе на реката Нигер кај Гбаџибо, во близина на Моква, кога се превртел вчера околу 20:30 часот по локално време.

-Најмалку 16 тела се пронајдени, изјави портпаролот на Агенцијата за итна помош Ибрахим Ауду Хусеини, додавајќи дека загинатите се две жени и 14 мажи.

Инцидентите со пловење се вообичаени во Нигерија на реки кои се движат бавно, особено за време на сезоната на дождови.

Минатиот месец потона преоптоварен брод додека превезуваше повеќе од 50 земјоделци преку реката Гуми во северозападната држава Замфара. Се верува дека повеќе од 40 од нив загинале во бродоломот.  (МИА)

To top