Свет

Шефот на Мосад се сретна со катарскиот премиер

Шефот на Мосад, Давид Барнеа денеска во Доха се сретна со катарскиот премиер Мохамед ал-Тани за да разговараат за начините за унапредување на договорот со цел ослободување на преостанатите 191 заложници.

Оваа информација ја јави Џерусалим Пост, повикувајќи се на свој извор. Други детали за средбата не се откриени.

Средбата се одржа кога американскиот претседател Џо Бајден се сретна во Вашингтон со неговиот преговарачки тим за да бара начин за унапредување на договорот.

– Не се откажуваме. Ќе продолжиме да притискаме колку што можеме, рече Бајден, пренесува Џерусалим Пост.

To top