Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денеска објави дека разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедноста и борбата против трговијата со дрога, оценувајќи дека разговорот „поминал добро“.
Таа нагласи дека со Трамп разговарала за безбедноста, со почитување на мексиканскиот суверенитет, како и трговијата и инвестициите, пренесуваат британските медиуми.
Шајнбаум претходно го осуди апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во американската воена операција, велејќи дека Мексико е суверена земја која соработува со САД по прашања поврзани со трговијата со дрога и безбедноста.