Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.
Јапонското Министерство за одбрана објави дека ракетата паднала во Јапонското Море, но е надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.
Ова е првпат Северна Кореја да истрела проектил откако лансираше повеќе балистички ракети со краток дострел на почетокот на ноември минатата година.