Најмалку 92 луѓе се водат како исчезнати во американската сојузна држава Северна Каролина откако ураганот Хелен ги погоди САД кон крајот на септември.
– Сакам да предупредам дека ова не е конечната бројка, бидејќи работната група продолжува со работа, наведе гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер.
Хелен ги погоди САД на 26 септември, тоа е вториот најсмртоносниот ураган во земјата изминатите 55 години. Најмалку 243 лица загинаа во неколку сојузни држави, вклучувајќи 118 во Северна Каролина.