Свет САД

Сенатот го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на Трамп

За потврда на нејзиното назначување гласаа 59 сенатори, а 34 беа „против“ во Сенатот, каде мнозинството имаат републиканците.

Сенатот го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на Трамп

Сенатот на САД го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ноем, која беше гувернер на Јужна Дакота, ги дели ставовите на Трамп во врска со политиката кон мигрантите, а во текот на сослушувањето за потврдување претходно месецов ја нарече илегалната миграција „инвазија“.

За потврда на нејзиното назначување гласаа 59 сенатори, а 34 беа „против“ во Сенатот, каде мнозинството имаат републиканците.

To top