Во рускиот напад врз центарот на јужниот украински град Херсон денеска загинаа седум лица, соопшти регионалното обвинителство.
-Гранатирањето се случи во близина на локалниот пазар и станица за јавен превоз. Засега е познато дека седум цивили – три жени и четворица мажи, загинале, се вели во соопштението.