Седум новинари, меѓу кои и хонорарец кој работи за Би-Би-Си, се повредени во израелски воздушен напад во дворот на болница во Газа. Во нападот се убиени четворица членови на милитантната група Исламски џихад пишува Би-Би-Си.
Израелската војска соопшти дека нападнала команден центар на Исламскиот џихад во околината на болницата Ал Акса во Деир ал Балах.
Хамас и медицинскиот персонал ги негираат израелските обвинувања дека милитантите ги користат болниците како бази.
Исламскиот џихад кој е сојузник на Хамас, не коментираше.
Ал Акса е последната болница која функционира во централниот дел на Појасот Газа.
Како што пишува медиумот, новинарите беа меѓу стотиците кои се засолнети во импровизирани шатори во теренот на болницата.
Повеќето од новинарите кои кампуваат во болницата се од северниот дел на Газа. Тие продолжуваат да работат под екстремно тешки услови, со малку храна, вода или електрична енергија, и се под постојана закана на израелски напади.
Многумина работат на тој начин што продаваат фотографии кои го документираат животот во и околу болницата, а истовремено се грижат и за нивните млади семејства кои живеат со нив во шаторите.
Шаторот најблиску до експлозијата и припаѓал на турската новинска агенција Анадолу.