Седум лица го загубија животот, а 11 се повредени при уривање на мост во источниот дел на провинцијата Малуку во Индонезија, јави ДПА.
Енди Мунасвиер, кандидат за гувернер на областа Централна Малуку, го минуваше мостот со своите колеги од кампањата кога мостот се урна и луѓето паднаа во водата. Мунасвир има полесни повреди.
Мостот се урна само неколку недели по експлозијата на моторен чамец во провинцијата Северен Малуку, при што загинаа шест лица, меѓу кои и кандидатот за гувернер на провинцијата Бени Лаос. Глисерот кој ги превезувал Лаос и неговиот тим на настан за кампањата експлодирал додека полнел гориво. (МИА)