Свет

СÈ ЌЕ ВИ СТАНЕ ЈАСНО ПО ОВАА ОДЛУКА НА КРАЛОТ: Еве како ќе се одвиваат состаноците со премиерот на Британија кој до сега беа секоја недела очи во очи!

СÈ ЌЕ ВИ СТАНЕ ЈАСНО ПО ОВАА ОДЛУКА НА КРАЛОТ: Еве како ќе се одвиваат состаноците со премиерот на Британија кој до сега беа секоја недела очи во очи!

Кралот Чарлс повеќе нема лично да го прима британскиот премиер во својот кабинет секоја недела, туку ќе одржува состаноци преку телефон, соопшти Даунинг стрит.

Да потсетиме, во нормални околности сите средби со премиерот се одржуваат во Бакингемската палата, пренесува „Телеграф“.

Бакингемската палата завчера попладне објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Засега не е откриено за каков вид на рак се работи, но потврдено е дека ракот бил дијагностициран додека кралот се лекувал од проблем со простатата.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно изјави дека е шокиран и тажен кога дознал дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Сунак рече дека е среќен што „болеста е рано дијагностицирана“ и се надева дека монархот брзо ќе закрепне.

Сунак рече дека е во „редовен контакт“ со кралот и дека планот е се да продолжи како ситуацијата да е нормална.

„Нашите мисли се со него и неговото семејство. Редовно сум во контакт со него, како и секогаш“, рече Сунак.

To top