Познати

ЕМОТИВНО: Еве како реагираше кралот Чарлс кога му ја спомнаа принцезата Кејт Мидлтон

ЕМОТИВНО: Еве како реагираше кралот Чарлс кога му ја спомнаа принцезата Кејт Мидлтон

Вчера пред капелата Свети Џорџ кралот Чарлс се појави на значаен настан, најавувајќи постепено враќање во јавниот живот по дијагнозата на рак минатиот месец.

Додека кралот и кралицата Камила ги поздравуваа насобраните граѓани, еден од присутните ја спомна Кејт Мидлтон, што предизвика емотивна реакција кај монархот.

Една жена која го држела велшкото знаме му рекла на кралот Чарлс: „Ваше височество, ваше височество. Се најдобро на принцезата од Велс“.

На што тој одговорил: „Многу ви благодарам“, додека кралицата Камила кимна со главата во знак на поддршка.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не присуствуваа на вчерашната миса во Виндзор, бидејќи празниците ги поминуваат во Норфолк со своите деца Шарлот, Џорџ и Луис. Претходно беше објавено дека парот нема да се појави на настанот, а нивното враќање во јавниот живот се очекува по училишниот распуст на нивните деца.

Најнови вести од Познати

To top