Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека во текот на ноќта пресретна ракети и дронови.
– Крстосувачка ракета е уништена синоќа во близина на градот Ал Харџа, југоисточно од главниот град Ријад, објави саудиското МО на платформата Икс.
Исто така се наведува и дека во близина на Ријад соборени се неколку беспилотни летала.
На седмиот ден од судирот на Блиски Исток гаѓани се цели во Израел, Иран, Либан и Бахреин.