Свет јапонија

Санае Такаичи е првата жена премиер во Јапонија

Санае Такаичи е избрана за првата жена премиер во Јапонија. Ова е нејзиниот трет обид да стане лидер на островската земја и е четвртиот премиер за пет години од нејзината Либерално демократска партија. Такаичи припаѓа на тврдокорното крило на ЛДП и е штитеник на починатиот поранешен премиер Шинзо Абе.

По изборот Такаичи ќе се соочи со многу предизвици меѓу кои и решавање на бавната економија, справување со нестабилните односи меѓу САД и Јапонија и обединување на поделената владејачка партија.

Такаичие е позната и како железната дама на Јапонија, таа вели дека е обожавателка на поранешната премиерка на Велика Британија Маргарет Тачер. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја нарече високо почитувана личност со голема мудрост.

Такаичи е убеден конзервативец и се противи на истополовите бракови и е против закон што би им дозволил на брачните парови да имаат одделни презимиња, спречувајќи многу жени да ги задржат своите момински презимиња.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Таа, исто така, зазема тврд став во врска со имиграцијата и изјави дека ќе ги ограничи посетителите и имигрантите што ги кршат правилата кои дошле во Јапонија во рекорден број.

To top