Свет граѓански случаи

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата

Спогодбата постигната од калифорнискиот град е меѓу најголемите во граѓанските случаи за неправедна смрт кои произлегле од убиство од страна на американските органи на редот, објави „Сан Диего Јунион Трибјун“.

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата

Градот Сан Диего се согласи да му плати 30 милиони долари на семејството на 16-годишно момче кое беше застрелано од полицаец додека тој бегал од друг тинејџер кој отворил оган кон него, објавија американските медиуми.

Спогодбата постигната од калифорнискиот град е меѓу најголемите во граѓанските случаи за неправедна смрт кои произлегле од убиство од страна на американските органи на редот, објави „Сан Диего Јунион Трибјун“.

Сумата за семејството на Коноа Вилсон, кој беше убиен ноќта на 28 јануари, ги надминува 27-те милиони долари добиени во 2021 година од семејството на Џорџ Флојд, чија смрт од рацете на полицаец од Минеаполис предизвика бран национални протести за расна правда во 2020 година.

Во тоа време, спогодбата во случајот Флојд се сметаше за најголема од ваков вид.

„Никогаш не сум видел град да преземе одговорност толку брзо“, изјави Николас Роули, адвокат на семејството на Вилсон, според „Сан Диего Јунион Трибјун“. „Ова е навистина благородно. Полицаецот се обидуваше да ги заштити луѓето. Се случи грешка“.

To top