Свет

САД се соочуваат со „се покревок светски поредок“, предупредуваат американските разузнавачки агенции

Американските разузнавачки агенции предупредија дека САД се соочуваат со „се покревок светски поредок“ што е под притисок од судирот меѓу големите сили поради транснационалните предизвици и регионалните конфликти. Ова предупредување е содржано во извештајот подготвен по повод денешното сослушување на шефовите на разузнавачките агенции во Сенатот на американскиот Конгрес.

САД се соочуваат со „се покревок светски поредок“, предупредуваат американските разузнавачки агенции

„Амбициозната, но проблематична Кина, конфронтираната Русија, регионалните сили како Иран и поспособните недржавни играчи ги предизвикуваат долгогодишните правила на меѓународниот поредок, како и надмоќта на САД во него“, наведуваат агенциите во извештајот.

Документот е насловен како „Годишна проценка на американското разузнавање за заканите за 2024 година “.

To top