САД кои се главниот сојузник на Киев во војната против Русија, не сакаат Украина да користи американско оружје за да напаѓа „на руска територија“, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа.
„Нашиот став не е променет во оваа фаза. Ние ниту ја охрабруваме, ниту овластуваме употребата на оружје испорачано од САД за удари врз руска територија“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
Коментарот следуваше откако францускиот претсеател Емануел Макрон изјави дека на Киев треба да му се дозволи да ги „неутрализира“ воените бази од кои Русија ги лансира нејзините ракети против украинска територија. (МИА)