Свет договор

САД постигнаа трговски договор со Тајван за намалување на царините и производство на чипови

САД постигнаа трговски договор со Тајван, при што земјата се согласи да отстрани или намали 99 отсто од своите царински бариери, соопшти канцеларијата на американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.

САД постигнаа трговски договор со Тајван за намалување на царините и производство на чипови

САД постигнаа трговски договор со Тајван, при што земјата се согласи да отстрани или намали 99 отсто од своите царински бариери, соопшти канцеларијата на американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.

САД во голема мера зависат од Тајван за производство на компјутерски чипови, чиј извоз придонесе за трговски дисбаланс од речиси 127 милијарди долари во текот на првите 11 месеци од 2025 година, според податоците на американското Биро за попис на населението.

Поголемиот дел од тајванскиот извоз во САД ќе биде оданочен по стапка од 15 отсто, што е иста мерка како и за другите трговски партнери во Азиско-пацифичкиот регион, соопшти канцеларијата на Грир.

На потпишувањето на договорот присуствуваа Грир и министерот за трговија Хауард Лутник, како и вицепремиерот на Тајван Ли-чун Ченг и министерот во владата Џен-ни Јанг.

Тајванската влада во соопштение наведе дека царинската стапка утврдена со договорот им овозможува на нејзините компании рамноправно да се натпреваруваат со Јапонија, Јужна Кореја и Европската Унија.

Ченг изјави дека Тајван се надева оти договорот ќе го направи стратешки партнер на САД „за заеднички да ја зацврстат водечката позиција на демократскиот табор во високата технологија“.

Договорот би им ја олеснил на САД продажбата на автомобили, лекови и прехранбени производи во Тајван, додека негова клучна компонента е инвестирањето на тајванските компании во производство на компјутерски чипови во САД, што би помогнало во ублажување на трговскиот дисбаланс.

Во посебен договор, Тајван наведе дека ќе инвестира 250 милијарди долари во американските индустрии, како што се компјутерските чипови, примената на вештачката интелигенција и енергетиката.

To top