Соединетите држави одобрија продажба на Германија на приближно 600 проектили и опрема за нивните системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, во износ од пет милијарди долари.
Продажбата од Вашингтон „ќе ја консолидира надворешната политика и националната безбедност на САД преку зајакнување на безбедноста на сојузниците во НАТО кои се исто така важна сила за економска и политичка стабилност во Европа“, се вели во соопштението за печатот на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA).
Трансакцијата „ќе ја подобри способноста на Германија да се соочи со сегашните и идните закани и ќе ги зголеми одбранбените способности на нејзините вооружени сили“, додаде DSCA.
По ова одобрување на Стејт департментот, DSCA испрати, според законот, известување до Конгресот, кој мора да даде конечно зелено светло
Германија ѝ донираше неколку системи „Patriot“ на Украина, чија инфраструктура редовно е цел на руски авиони и беспилотни летала и за која се потребни повеќе ресурси за противвоздушна одбрана.
По избувнувањето на руската инвазија на Украина во 2022 година, Берлин стана вториот најголем снабдувач на воена помош за Киев по Вашингтон.