САД ќе обезбедат дополнителни шест милиони долари хуманитарна помош за Куба, изјави службеникот за помош во Стејт департментот, Џереми Левин.
Тој додаде дека со тоа помошта за погодените Кубанци од ураганот Мелиса, што ја погоди земјата во октомври минатата година, ќе изнесува девет милиони долари.
Кубанскиот заменик-министер за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио најавата за помош ја оцени како дволична.
– Прилично е лицемерно да се применуваат драконски принудни мерки што ги лишуваат милиони луѓе од основни економски услови, а потоа да се најавуваат супи и конзервирана храна за неколкумина, изјави Косио, алудирајќи на американската блокада за снабдување со нафта.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по американската операција против поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, изјави дека Куба нема повеќе да добива нафта од Венецуела и им се закани на другите држави, пред сè на Мексико, со зголемување на царини, ако извезуваат нафта за Куба.
Левин посочи дека за хуманитарната криза на Куба ја обвини кубанската Влада.
– Тоа е затоа што Владата не е во состојба да стави храна во продавниците … Ги оставија државните продавници целосно празни. Не се снабдени, посочи Левин.