Свет

САД и Велика Британија: Санкциите и контролата на извозот се најважните мерки за заштита на националната безбедност

САД и Велика Британија утврдија дека санкциите и контролата на извозот се најважните инструменти за заштита на националната безбедност.

САД и Велика Британија: Санкциите и контролата на извозот се најважните мерки за заштита на националната безбедност

САД и Велика Британија во заедничка изјава денеска по завршениот Дијалог за стратешки санкции ги потврдија своите обврски во однос на Атлантската декларација од 2023 година за билатерално економско партнерство и зголемена координација за примена на санкциите и обезбедување контрола на извозот.

САД и Велика Британија утврдија дека санкциите и контролата на извозот се најважните инструменти за заштита на националната безбедност.

Во преговорите кои деновиве се водеа во Лондон, се дискутираше и за примена на таргетирани и координирани санкции и мерки за контрола на извозот за задржување и запирање на злонамерните дејности и заштита на меѓународните норми.

Се дискутираше и за санкциите кон Русија воведени во одговор на нејзината војна во Украина. Страните истакнаа дека овие санкции ги лишуваат руските вооружени сили од најважните компоненти и технилогии и „ја ограничуваат можноста на Путин да води војна против Украина“.

Исто така беа истакнати координираните акции во Блискиот исток против групи поврзани со Иран, лидери и финансиери на Хамас и „Палестински исламски џихад“, како и они кои помагаат во нападите на хутите во Црвеното Море.

To top