Специјалниот пратеник на Белата куќа за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска во главниот град на Оман уќествуваше во четврта рунда директни и индиректни преговори со Иран.
Според висок претставник на американските власти, во Маскат биле дискутирани „техничките елементи“ на нуклеарниот договор. Тој додаде дека Иран и САД се согласиле наскоро да одржат следна рунда преговори.