Свет

САД и ги врати на Венецуела сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта

Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен.

Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства.

Функционерот рече дека Венецуела официјално го примила целиот износ од првичната продажба на нафта. Тој додаде дека средствата ќе бидат исплатени „во корист на венецуелскиот народ по дискреционо право на американската влада“.

Договорот за продажба на нафта беше постигнат по настаните од 3 јануари, кога венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен во американска воена операција.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, за време на сведочењето на Капитол Хил минатата недела, изјави дека учеството на САД во продажбата на венецуелска нафта е краткорочна мерка насочена кон стабилизирање на земјата, одржување на функционирањето на владата и помагање на населението, со цел да се избегне системски колапс.

Средствата беа депонирани во Катар како привремено, краткорочно решение за да се обезбеди на Венецуела средствата што ѝ се потребни за да функционира. Американскиот функционер рече дека долгорочната цел е приходите од идните продажби да се префрлат во фонд со седиште во САД, од кој венецуелската влада и нејзините институции ќе бидат овластени да трошат во согласност со договорените процедури.

To top