СAД и 17 други земји денеска апелираа до Хамас да ги ослободи заложниците како начин да се стави крај на кризата во Газа. „Повикуваме на итно ослободување на сите заложници кои Хамас ги држеи во Газа повеќе од 200 дена“, се вели во соопштението на земјите, во она што висок американски функционер го нарече извонредна слика на едногласност.
Тие 18 земји имаат државјани кои ги држи Хамас шест месеци откако палестинската милитантна група започна напад врз јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе. Потписници се лидерите на САД, Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд и Велика Британија.
„Нагласуваме дека договорот што е на маса за ослободување на заложниците ќе доведе до непосреден и продолжен прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи бран дополнителна потребна хуманитарна помош да се достави низ Газа и веродостоен крај на непријателствата“, се вели во соопштението.
Висок американски функционер, кој ги брифираше новинарите за изјавата, рече дека може да има индикации за договор за заложничката криза, но дека не е целосно убеден. Тој не даде детали, но рече дека решението зависи од „еден човек“, лидерот на Хамас (во Појасот Газа), Јахја Синвар.