Свет претставен указ

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија

– Нашите противници користат доверливи лични податоци на Американците за да ја загрозуваат нашата национална безбедност, се вели во изјавата на министерот за правда Мерик Гарланд.

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија

Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска претстави указ за заштита на личните податоци на Американците со ограничување на нивно предавање на Кина, Русија и низа други земји.

Според указот, се забранува масовно предавање на геолокациска, биометриска, медицинска и финансиска информација за Американците „во земјите кои предизвикуваат загриженост“.

Документот исто така забранува трансфер во тие земји на каков и да било обем на податоци за владиниот персонал на САД. Останати такви држави се Иран, Северна Кореја, Куба и Венецуела.

– Нашите противници користат доверливи лични податоци на Американците за да ја загрозуваат нашата национална безбедност, се вели во изјавата на министерот за правда Мерик Гарланд.

-Тие ги купуваат овие податоци да ги искористат за уцени и следење на некои индивидуи или за прогон на оние кои тие ги сметаат за дисиденти кои живеат во Соединетите Американски Држави и за други злонамерни дејствија, се додава во изјавата.

Заменикот во министерството Метју Олсен вели дека „непријателските странски држави користат масивен обем на информации и можноста на вештачката интелигенција за напади против Американците“.

Конгресот исто така разгледува закон за забрана на федералните агенции да склучуваат договори со кинеските компании BGI Group и Wuxi APPTEC, во рамките на напорите да се отстрани пристапот на Кина до американските генетски податоци и лична медицинска информација.

Поврзани теми

To top