Владата на САД со години бараше апсење на претседателот на Венецуела Никола Мадуро, откако беше беше обвинет од американски суд во март 2020 година, заедно со десетина други лица за наркотероризам.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп минатата година ја дуплираше наградата за информации што би довеле до апсење на Мадуро на 50 милиони долари.
Федералните обвинители тврдеа во 2020 година дека Мадуро и други високи функционери на венецуелската влада соработувале со колумбиската герилска група Фуерзас Армадас Револуционариас де Колумбија, или ФАРК, за трговија со кокаин и оружје во Соединетите Држави.
Во тоа време, Министерството за правда на САД го обвини и Мадуро за водење криминална група наречена Картел де Лос Солес, која администрацијата на Трамп ја означи како странска терористичка организација минатата година.
Некои експерти тоа го доведоа во прашање, тврдејќи дека станува збор за група на корумпирани владини функционери со врски со трговија со дрога, а не за централно организирана група или терористичка организација.