Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска објави дека НАТО започнува нова мисија за заштита на подморските кабли во регионот на Балтичкото Море.
-Мисијата меѓу другото ќе вклучи низа средства, меѓудругото и фрегати и поморски патролни авиони, а таа ќе го зајакне нашето присуство на Балтикот, рече Руте.
Тој додаде дека ќе биде распоредена и мала флота од поморски беспилотни летала „за да се обезбеди засилен надзор“.