Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на Икс објави дека утрово имал консултации со британскиот премиер Кир Стармер, како и со претседателите на Франција и Украина – Емануел Макрон и Володимир Зеленски, пред почетокот на денешниот форум за поддршка на Украина, што ќе се одржи во Париз.
– Утрово се сретнав со британскиот премиер Кир Стармер, а потоа и со францускиот претседател Емануел Макрон и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за да ја подготвам денешната конференција во Париз и да ги координираме нашите напори за поддршка на праведен и траен мир во Украина, наведе Руте на Икс.
Главниот фокус на Самитот, кој Макрон го организира за поддршка на Киев, ќе биде ставен на безбедносните гаранции во случај на евентуален прекин на огнот помеѓу Украина и Русија.