Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Брисел ќе учествува на заедничка седница на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за безбедност и одбрана (СЕДЕ) на Европскиот парламент.
Како што најави Прес-службата на Европскиот парламент, предвидено е на седницата да стане збор за најновите случувања во трансатлантската безбедност и одбрана.
Предвидено е Руте да се обрати пред европратениците, по што ќе дебатира со нив.