Свет Обиди за напади

Руско МО: Пресретнати и соборени 53 украински дронови

Соборени или пресретнати се вкупно 53 беспилотни летала, од кои 44 над јужниот Ростовски регион.

Руско МО: Пресретнати и соборени 53 украински дронови

Руските сили собориле или пресретнале 53 украински беспилотни летала во неколку региони, соопшти денеска Министерството за одбрана.

„Во текот на ноќта и утрото беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови“, се наведува во соопштението.

Соборени или пресретнати се вкупно 53 беспилотни летала, од кои 44 над јужниот Ростовски регион.

Седиштето на руската операција во Украина се наоѓа во градот Ростов. (МИА)

To top