Силите за противвоздушна одбрана ноќеска соборија 90 украински дронови над регионите на Русија, од кои 63 – над Брјанската област, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
-Синоќа, силите за противвоздушна одбрана на должност уништија 90 украински дронови: 63 над територијата на Брјанската област, осум над територијата на Јарославската област, четири над Московскиот регион, три беспилотни летала над териториите на Смоленската и Тверската област и над Црното Море, два над териториите на Тамбовската и Тулската област и еден над териториите на Орелската и Ростовската област, соопшти Министерството.
Локалните власти во градот Твер објавија дека седум лица се повредени по напад со украински дронови.