Свет Блумберг

Руските напади уништија 60 проценти од гасните капацитети на Украина

Руската армија во изминатите неколку дена уништи околу 60 проценти од украинските капацитети за производство на гас, објави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори

Руските напади уништија 60 проценти од гасните капацитети на Украина

Руската армија во изминатите неколку дена уништи околу 60 проценти од украинските капацитети за производство на гас, објави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори.

Руската армија изврши напади врз инфраструктурата во регионите Харков и Полтава, што довело до сериозна штета на енергетскиот сектор на Украина. Цената на итни поправки на електричната мрежа се проценува на околу 758 милиони евра.

Украина побара помош од западните партнери во форма на техничка опрема за санација, како и дополнителни системи за воздушна одбрана за да се спречат нови напади. Киев, исто така, очекува финансиска поддршка за покривање на трошоците за снабдување со гас во текот на зимата.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно нагласи дека нападите врз енергетските капацитети на Украина се дел од процесот на демилитаризација на земјата, бидејќи енергетската инфраструктура е тесно поврзана со одбранбената индустрија.

To top