Делови од украинскиот град Суми се без електрична енергија по рускиот напад, објавија градските власти на Телеграм.
– Поради итно исклучување на една од електраните, делови од градот Суми се привремено без електрична енергија. Вработените во енергетската компанија прават сè што е можно за да ја стабилизираат ситуацијата, се наведува во соопштението.
Претходно беше објавено дека по синоќешниот руски напад е обновено снабдувањето со електрична енергија во Запорожје. Во синоќешниот руски напад со дрон повредени се четири лица.