Свет

Русинот обвинет за „дестабилизирање“ на Олимписките игри во куќен притвор

Агенцијата РИА јави дека информацијата за куќниот притвор кој му е одреден на рускиот државјанин Кирил Грјазнов ја добила од неговите роднини.

Русинот обвинет за „дестабилизирање“ на Олимписките игри во куќен притвор

Рускиот државјанин кој беше приведен во Франција ова лето поради „дестабилизирање“ на Олимпијадата во Париз е ставен во домашен притвор, јави денеска руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руската Амбасада во Париз.

Француската полиција уапси 40-годишен Русин во јули, неколку денови пред почетокот на Игрите во Париз, откако во неговиот дом пронашла докази кои го поттикнале „стравот од неговата намера да организира настани кои би можеле да предизвикаат дестабилизација за време на Олимпијадата“.

Агенцијата РИА јави дека информацијата за куќниот притвор кој му е одреден на рускиот државјанин Кирил Грјазнов ја добила од неговите роднини.

Според руската страна, на Грјазнов му се заканува затворска казна до 30 години под обвинение дека и помагал на странска држава во поттикнувањето немири во Франција.

Француските власти сè уште не го коментирале овој случај.

Претходно овој месец, судот во Москва го осуди францускиот истражувач Лоран Винатиер на три години затвор за кршење на рускиот закон против „странски агенти“. (МИА)

To top