Москва соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Табаевка во Харковската област, но Киев негираше.
Руското тврдење беше објавено во соопштение на Министерството за одбрана.
Володимир Фитјо, шеф за комуникации на копнените сили на Украина, потенцираше дека овие наводи „не одговараат на реалноста“. – Во близина на ова место се водат борби, посочи Фитјо.
Тој сепак додаде дека Русија „се обидува да напредува во сите правци“.
Со месеци, Русија се обидува да напредува во регионот на Харков, каде што нејзините сили беа потиснати од украинската армија на почетокот на инвазијата.
Во текот на изминатиот месец неколку пати изврши воздушни напади врз регионалниот главен град Харков.