Руски експерти тестираа прототип на „ултрапрецизен“ навигациски систем Аријадна, за кого не е потребен сателит.
– Прототипот на ултрапрецизниот систем за позиционирање и навигација без сателит Аријадна успешно ги помина тестовите и поднесена е апликација за патент, соопшти рускиот Фонд за технолошки иновации.
Технологијата се базира на базни станици на земјата, радио предаватели, кои емитуваат координати до приемници во беспилотни летала и други возила. Системот ја коригира геолокацијата без сателитска комуникација, користејќи алгоритам за пресметка и нуди прецизност на позиционирање со маргина на грешка од 15 до 20 сантиметри.
Како што соопшти Фоднот, инженерите тврдат дека решението е осум пати попрецизно од Џи-пи-ес (ГПС) системот и гарантира заштита од „лажни“ сигнали и нивното мешање.
Според експертите технолошкото решение е „универзално и може да се користи за приспособување на навигациските податоци, во организација на воздушна логистика и контролата на „јато“ на дронови, како и во земјоделството. Сите делови и софтверот на Аријадна се произведени во Русија.
Предавателите на „Аријадна“ ќе им овозможат на дроновите да доставуваат пратки по воздушен пат и да воспостават „брз коридор“ за автономна логистика. Граѓаните ќе добиваат сигурни онлајн мапи и услуги за навигација дури и кога безбедносните служби ќе се мешаат во Џи-пи-ес сигналот за да се обезбеди заштита од неовластени дронови.
Според Фондот за технолошки иновации, технологијата е во фаза на финализирање и треба да се инкорпорира во системот на „големи агроиндустриски компании“. Пилот-проектот ќе биде лансиран во 2026 година, со „експериментален правен режим“.