Свет

Русија соопшти дека во текот на ноќта соборила 71 украински дрон

Руските сили за воздушна одбрана соборија 71 украински дрон над региони на Русија и Црното Море во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Во текот на ноќта, силите за воздушна одбрана на должност уништија и пресретнаа 71 украински беспилотни летала: 29 над територијата на регионот Брјанск, 7 над територијата на регионот Курск, по 5 над териториите на регионите Липецк и Смоленск, по 4 над териториите на регионите Орел, Твер и Самара, (…), по едно над териториите на регионите Калуга, Ростов и Тула, 7 над водите на Црното Море, се вели во соопштението на руското министерство.

Во соопштението се додава и дека три дронови биле соборени над Кримскиот полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

To top